Свет Дилма Русеф повеќе не е претседателка на Бразил

Дилма Русеф повеќе не е претседателка на Бразил

Дилма Русеф, претседателка на Бразил, вечерва со гласање на 61 од вкупно 81 сенатор беше симната од власт, јавуваат светските медиуми.

Причината за интерпелацијата е сомнежот дека Русеф ги лажирала јавните трошоци на земјата и дека е вмешана во корупција со нафтениот гигант „Петробрас“.

Русеф, која ѝ припаѓа на левицата, во 2010 година беше избрана за претседателка на Бразил.

На нејзино место доаѓа нејзиниот заменик, Мишел Тремер.