Македонија ДИК на седница го разгледува извештајот за состојбата во избирачкиот список

ДИК на седница го разгледува извештајот за состојбата во избирачкиот список

Државната изборна комисија денеска ја одржува 128. седница на која треба да го разгледа и усвои извештајот за утврдување на состојбата во избирачкиот список, за ставање на јавен увид а по повод одржувањето на локалните избори на 15 октомври, информираат од таму.

На седницата исто така треба да се разгледа и усвои предлогот за јавен повик за сите граѓани, за вршење на јавен увид во избирачкиот список.

На дневен ред и е разгледување и освојување на предлог-одлука за отворање на канцеларии на ДИК во седиштата на единиците на локалната самоуправа каде ќе се спроведува јавниот увид и собирањето на потписи за поддршка на листи на кандидати.