Главна секција ДИК напладне ќе одлучува што понатаму со избирачкиот список

ДИК напладне ќе одлучува што понатаму со избирачкиот список

Сите податоци од теренската проверка на спорните гласачи во избирачкиот список се внесени во системот на Државната изборна комисија (ДИК), по што денеска ќе се обелоденат на јавна седница, која треба да се одржи во 12 часот.

За „Мета“, членови од ДИК информираат дека тие интензивно продолжуваат со редовна работа за целосна проверка на спорните гласачи.

Мината недела со осум гласа „за“ и ниту еден „против“, ДИК го изгласа извештајот за вкрстената проверка на избирачкиот список.

Од МВР сè уште не се докрај обработени податоците на повеќе од 100.000 лица кои се појавија како спорни по вкрстената проверка.

Членовите на ДИК од СДСМ сметаат дека избирачкиот список не е прочистен, додека за членовите од ВМРО-ДПМНЕ останува само уште малку работа.