Главна секција ДИК ќе проверува колку лица од Албанија склучиле брак во Македонија

ДИК ќе проверува колку лица од Албанија склучиле брак во Македонија

Државната изборна комисија (ДИК) синоќа едногласно го усвои заклучокот да се задолжат Управата за водење матична евиденција и МВР да утврдат колку лица од Албанија имаат склучено брак во Македонија и на која основа стекнале државјанство.

Проверките ќе се вршат таму каде што е утврдено дека на иста адреса живеалиште пријавиле повеќе од 10 лица од Албанија.

Според последниот извештај од МВР, регистрирани се 9.395 лица од Албанија со македонско државјанство, 3.743 се со статус дијаспора, а 341 лице се иселени.