Македонија Излезноста на гласачите до 13 часот изнесува 24,38 отсто, информира ДИК

Излезноста на гласачите до 13 часот изнесува 24,38 отсто, информира ДИК

Излезноста на гласачите до 13 часот на сите 1.517 избирачки места изнесува 24,38 отсто, информираше Државната изборна комисија.

Портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевска, рече дека највиоска е излезноста во Демир Капија – 48,91 отсто, а најмала во Јегуновце – 12,77 проценти.

Таа информираше дека до ДИК не се доставени официјални известувања во врска со нерегуларности за кои известија одредени набљудувачи.

– ДИК ќе се обрати до наведените избирачки одбори и уште еднаш ќе ги провери наводите изнесени во јавноста. До ДИК до 14 часот не е поднесен ниту еден приговор за заштита на избирачко право од страна на граѓаните – изјави Гугучевска.