Свет Европа Дигиталните производи поскапи во ЕУ од 1 јануари

Дигиталните производи поскапи во ЕУ од 1 јануари

На 1 јануари стапија на сила новите даночни правила во Европска Унија, со кои се хармонизира данокот на додадена вредност во заедницата и кои ќе донесат поскапување на дигиталните производи за потрошувачот.

Од оваа година ДДВ на дигиталните производи – легалното симнување музика или филмови, е-книги, дигитални апликации итн – ќе се плаќа во земјата каде е купен производот, наместо во земјата-доставувач како што беше случај до 1 јануаруи 2015 година.

Со ова, Европска Унија се надева да ги спречи големите дигитални компании како „Амазон“, „Гугл“ или „Епл“ своето европско проиводство да го насочуваат кон земји со ниска стапка на ДДВ, како на пример Луксембург, што создава нелојална конкуренција помеѓу земјите-членки на ЕУ.

Компаниите како „Амазон“ одговорија дека поради ова ќе ја зголемат цената на производите.

Луксембург, сепак, ќе добие 1, 1 милијарда евра од другите 27 земји-членки како отштета за изгубениот доход предизвикан од новото европско правило.

Т.М.