Дописници Џудо-клубот „Сеишин“ – Прилеп се врати од Грција со пет медали

Џудо-клубот „Сеишин“ – Прилеп се врати од Грција со пет медали

На 28 јуни, во Солун, во организација на џудо-клубот „Иркалис“- Солун, се одржа Меѓународен турнир во џудо „Итаки 2015 – Матсура куп“.

На турнирот учествуваа околу 110 натпреварувачи од 15 клубови од Грција, Македонија, Бугарија, Србија и од Велика Британија.

Џудо-клубот „Сеишин“ – Прилеп на овој турнир учествуваше со вкупно пет натпреварувачи, во сениорска конкуренција, а освоени се и вкупно пет медали (два сребрени и три бронзени).

Стручниот штаб на клубот е задоволен со остварените резултати, а со овој турнир се заокружува првата полусезона од натпреварувачката 2015 година.