Свет Џонсон: Британија не се отцепува од Европа и ќе остане посветена европска...

Џонсон: Британија не се отцепува од Европа и ќе остане посветена европска сила

Велика Британија ќе остане посветена европска сила, дури и кога ќе ја напушти Европската Унија, изјави британскиот министер за надворешни работи, Борис Џонсон, за време на неформалниот состанок на шефовите на дипломатиите на Организацијата за безбедност и соработка во Европа во Потсдам.

Џонсон истакна дека излегувањето од Унијата не значи дека Велика Британија се отцепува од континентот.

– Обединетото Кралство не ја напушта Европа. Пошироко гледано, ние сме европска земја, посветена европска сила – посочи Џонсон.