Свет Европа Џонсон: Брексит ќе почне на почетокот од следната година

Џонсон: Брексит ќе почне на почетокот од следната година

Велика Британија ќе ја почне формалната процедура за напуштање на Европската Унија на почетокот од следната година и можеби нема да има потреба преговорите за напуштање да траат две годни, рече британскиот министер за надворешни работи, Борис Џонсон.

– Сега разговараме со нашите европски пријатели и партнери во очекување дека во првата половина од следната година ќе го активираме членот 50 – рече Џонсон за „Скај њуз“.

Тој додаде дека во формалниот извештај, кој Лондон треба да го достави до Брисел по повод излегувањето, „Британија ќе изнесе некои предлози“.