Свет Свет Џо Бајден во ненајавена посета на Ирак

Џо Бајден во ненајавена посета на Ирак

Потпретседателот на САД, Џо Бајден, денеска пристигна во ненајавена посета на Ирак, каде се сретна со ирачкиот премиер Хајдер ал-Абади, разговарајќи за политичките и за безбедносните прашања.

Ова е првпат Бајден, како клучна личност од Белата куќа за односите со Ирак, да ја посети оваа земја од повлекувањето на американските сили во 2011 година, но ова е трета посета овој мецес на високи американски претставници во државата.

– Бајден има блиски односи со ирачките лидери. Тие се во контакт барем еднаш во десет дена – изјави висок претставник на американската администрација, кој заедно со Бајден пристигнал во Ирак.