Свет Џихадистите запалиле 45 лица

Џихадистите запалиле 45 лица

Припадниците на Исламска држава запалиле 45 лице во западниот ирачки град Ал-Багдади, кој од минатата недела го држат под контрола.

Иако идентитетот на убиените не е познат, се сомневаат дека некои биле припадници на специјалните сили.

Шефот на полиција Кол Касим ал-Обеиди истакна дека џихадистите напаѓаат домови и семејства на тамошните полицајци и специјалци. Тој, исто така, апелира за помош од ирачката влада, но и од меѓународната заедница.