Свет Свет „Џерманвингс“ откажа 30 летови низ Европа

„Џерманвингс“ откажа 30 летови низ Европа

„Џерманвингс“ откажа околу 30 летови во Европа откако авион на оваа компанија, со 150 патници, вчера се урна над француските Алпи, соопштија од „Луфтханза“.

Како што јавува германскиот весник „Билд“, персоналот на нискобуџетната компанија, која е филијала на „Луфтханза“, од лични причини не се појавил на работа.

Од компанијата соопштија дека персоналот не се чувствувал подготвен да лета од Дизелдорф.