Македонија Џафери ќе се залага за поинтензивна парламентарна соработка со Норвешка

Џафери ќе се залага за поинтензивна парламентарна соработка со Норвешка

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска на шефот на норвешката дипломатија, Борге Бренде, му заблагодарил за помошта и за поддршката што Норвешка ѝ ја дава на Македонија во процесот на евроатланската интеграција и истакнал дека ќе се залага за поинтензивна парламентарна соработка меѓу двете држави.

Министерот, честитајќи му го изборот на функцијата на претседателот Џафери, ја нагласил подготвеноста за продолжување на блиското партнерство меѓу Република Македонија и Норвешка, за споделување искуства, и ја повторил поддршката кон реформските процеси кои треба да доведат до приближување на државата до Европската Унија и до НАТО.

На средбата биле присутни Соња Мираковска, заменик-координатор на СДСМ и на коалицијата, Ејуп Аљими, координатор на ДУИ, и Африм Гаши, координатор на Беса.