Ctrl - Z Девојка без раце изработува заштитни маски за медицински работници

Девојка без раце изработува заштитни маски за медицински работници

Норфара Сихахира Шаари од Малезија која е родена без раце, за да ги извршува своите дневни задачи ги користи своите нозе. Таа на Фејсбук сподели видео и фотографии како ги изработува заштитни маски, кои ги шие на машина.

„Научив да се прилагодувам на барањата на секојдневниот живот користејќи ги нозете. Пред осум години научив да кројам, затоа што требаше да си направам специјална облека за себе. Многумина прашуваа како користам машина за шиење, па ќе ви го покажам својот метод. Сега навистина се чувствувам мотивирано да шијам заштитна опрема за оние што се во првите борбени редови со корона вирусот“, рече таа.

Шаари е дел од програма со 35 волонтери кои изработуваат заштитна опрема за болнички персонал во болницата Телук Интан. Поради рестриктивните мерки, волонтерскиот тим е поделен и може да работи од дома.

„Се чувствувам горда што сум дел од оваа програма и ова е најмалку што можеме да направиме за да им помогнеме на нашите здравствени работници“ – додава таа.