Свет Девојче бомбаш-самоубиец уби 16 лица во Нигерија

Девојче бомбаш-самоубиец уби 16 лица во Нигерија

16 лица уби девојче-самоубиец вчера во Северна Нигерија, саморазнесувајќи се со бомба.

Девојчето на пазарот пристигнало со мотоцикл, по што пеш отишло до најголемата толпа луѓе, каде ја активирало бомбата.

Нападот се случи само еден ден откако две девојчиња извршија самоубиствени напади во друг град во Североисточна Нигерија, каде убија 32 лица.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападите, но властите се сомневаат во исламистичката терористичка група Боко харам, која извршуваше слични напади во регионот.