Хроника Деветнасетгодишник осомничен за полов напад врз 10-годишно дете

Деветнасетгодишник осомничен за полов напад врз 10-годишно дете

СВР Велес поднесе кривична пријава против 19-годишниот Е.З. од велешкото село Мелница, поради основан сомнеж  дека извршил полов напад врз дете.

Пријавениот, како што соопштуваат од МВР, на 27 јули, околу 19 часот, во село Мелница го пресретнал десетгодишното дете, кое се враќало од локалната продавница кон дома, го кренал в раце и го однел во сокак кој се наоѓал подалеку од домот на детето, каде што го извршил половиот напад.

„По насилниот сексуален акт, пријавениот побегнал, а детето заминало дома и од срам не кажало никому. Наредниот ден (28 јули 2016 г.), неговата мајка забележала дека детето е изнемоштено и не може да се движи, по што разговарала со детето и тоа кажало што се случило“, стои во соопштението МВР.

Истиот ден настанот бил пријавен во СВР Велес, бил извршен лекарски преглед на детето во ЈЗУ Општа болница – Велес, а по консултации со јавен обвинител, детето заедно со неговата мајка е однесено на преглед во Судска медицина – Скопје.

Осомничениот вчера наутро е приведен.