Свет Девет загинати во самоубиствен напад во Авганистан

Девет загинати во самоубиствен напад во Авганистан

Најмалку девет лица загинаа, а шест се ранети во самоубиствен бомбашки напад на контролен пункт на јужната авганистанска провинција Хелманд, соопштија претставници на земјата.

Самоубиствениот напад е дело на фракција на талбинаците, кои и претходно вршеа напади.

Талибанците во изминатите две години, по завршувањето на борбената мисија на меѓународните сили, постепено се ширеа и презедоа контрола над неколку окрузи во различни делови на земјата.