Свет Балкан Девет мигранти се удавија во Егејско Море

Девет мигранти се удавија во Егејско Море

Најмалку девет лица, од кои две деца, денеска се удавија во Егејско Море, кај западниот брег на Турција, откако потонал бродот со мигранти кој се обидел да стигне до Грција, јавуваат турски медиуми.

Драмата се случила кај местото Сеферихисар, во западната турска провинција Измир, од каде мигрантите тргнале. Местото е во близина на грчкиот остров Самос.

Два мигранти се спасени, а 11 успеале да стигнат до брегот.