Хроника Девет лица повредени во верижен судир кај клучката Волково

Девет лица повредени во верижен судир кај клучката Волково

Девет лица се пожалиле на повреди по верижен судир на повеќе возила, кој утрово, околу 8 часот, се случил на обиколницата кај клучката Волково, информираат за „Мета“ од СВР Скопје.

Повредените се пренесени на скопските клиники. Засега нема информации за видот и за тежината на повредите со кои се здобиле патниците во судирот, но според првичните сознанија, не станувало збор за сериозни случаи.

Од СВР Скопје информираат дека во верижниот судир учестувале вкупно 19 возила, а нивни екипи се сè уште на терен вршат увид кој треба да ги утврди околносите и причините за несреќата.