Свет Европа Девет деца се повредени во сообраќајна несреќа во Романија

Девет деца се повредени во сообраќајна несреќа во Романија

Mинибус што превезувал ученици во југозападниот дел на Романија излетал од патот, при што најмалку девет деца се повредени, јавуваат романските медиуми.

Повредените деца биле пренесени во болница и сè уште нема информации за нивната здравствена состојба. Во моментот на несреќата во минибусот се наоѓале 18 деца.

Возачот во полиција изјавил дека поради премореност изгубил контрола над возилото и излетал од патот.