Економија Девалвација на кинескиот јуан

Девалвација на кинескиот јуан

Кина денеска изврши девалвација на националната валута јуан на најниска вредност во последните три години, по објавувањето на информациите за слабите економски перформанси.

Потегот е оценет како реформа во насока кон отворен пазар.

Централната банка соопшти дека станува збор за „еднократно намалување на вредноста“ од речиси два отсто, кое е извршено во согласност со новите правила за регулирање на курсот во согласност со состојбата на пазарот.

Економистите сметаат дека оваа мерка ќе им помогне на кинеските извозници.