Економија Детроит излезе од стечај

Детроит излезе од стечај

Градот Детроит излезе од стечај по банкротирањето во 2013 година. Градските и државните власти постигнаа спогодба за отпишување на седум милијарди долари од вкупниот долг од 18 милијарди долари.

Планот вклучува и инвестиции вредни 1,4 милијарда долари, што ќе ја подобрат градската инфраструктура.

Банкротот е предизвикан со смалување на бројот на жители, а во периодот меѓу 2000 и 2010 година Детроит загуби 250.000 жители. Сега во него живеат повеќе од 700.000 луѓе.