fbpx

Гигантот за криптовалути „FTX“ пропаѓа во банкрот

-

Платформата за тргување со криптовалути „FTX“ поднесе барање за стечај во САД, барајќи судска заштита додека е во потрага по начин да им ги врати парите на корисниците. Оваа компанија беше втора по големина во светот за тргување со дигитални валути.

Според Би-би-си, Сем Бенкмен-Фрид се повлекол од функцијата извршен директор на компанијата.

„Повторно, навистина ми е жал што завршивме овде. Се надевам дека работите ќе најдат начин да закрепнат. Ги собирам сите детали, но бев шокиран кога видов како се расплетуваат нештата“, напиша Бенкмен-Фрид на Твитер.

Пред распаѓањето, Бенкмен-Фрид беше една од најголемите ѕвезди на крипто сцената со проценета нето вредност на повеќе од 15 милијарди американски долари.

Гласините претходно неделава кои ја доведоа во прашање финансиската стабилност на „FTX“ и другите компании во сопственост на Бенкмен-Фрид поттикнаа голем број на клиенти да се обидат да ги повлечат средствата од платформата за размена на криптовалути.

Ројтерс пишува дека за само 72 часа трговците побрзале да повлечат 6 милијарди долари од платформата.

Соочувајќи се со криза за пари во готовина, поранешниот шеф на „FTX“ се обиде да организира „спасувачки пакет“, но откако тоа не успеа, компанијата остана да се бори да собере милијарди долари, а многу клиенти беа спречени да пристапат до нивните пари.

Со поднесување на барањето за стечај, компанијата може да продолжи со работа додека да ги преструктурира своите долгови под судски надзор. „FTX“ вели дека целта е да се започне уреден процес за преглед и монетизација на средствата во корист на сите засегнати страни во светот.

Проблемите во компаниите на Бенкмен-Фрид му наштетија на остатокот од крипто-пазарот, при што валутите како Биткоин паднаа за 20 отсто неделава и го зголемија пристисокот врз другите компании да докажат дека имаат финансиска сила да издржат.

„Паѓањето на „FTX“ не е добро за никого во индустријата. Не гледајте го како победа за нас. Довербата на корисниците е сериозно нарушена“, рече Чанпенг Жао, извршен директор на најголемата платформа за тргување со криптовалути, „Бајненс“.

„Бајненс“ претходно неделава најави дека може да го купи „FTX“ , но потоа се повлече.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...