Македонија Детето повредено во вчерашната сообраќајна несреќа кај Велес, сè уште се бори...

Детето повредено во вчерашната сообраќајна несреќа кај Велес, сè уште се бори за живот

Најтешко повредениот учесник во несреќата, седумгодишното дете, кое е брат на еден од мажите што се возеле во комбето„фолксваген шаран“, што вчера падна дваесеттина метри надолу, на кружниот тек на влезот на Велес, сè уште се бори за живот на скопскиот Ургентен центар, пренесе телевизија „Канал 5“.

Поради здравствени симптоми на кои се пожалил ноќеска, уште еден од повредените во вчерашната сообраќајна е пренесен на Торакална хирургија.

.