Видео Дете од Алепо стана симбол на страдањата на цивилите во Сирија

Дете од Алепо стана симбол на страдањата на цивилите во Сирија

Видео од мало дете како седи извалкано во прашина и измачкано во крв во возило на итна помош, откако преживеало воздушен удар во Алепо, предизвика бројни реакции и сочувства во светот.

Детето е идентификувано како Омар Дакнеш, кој има пет години. Тој вчера е ранет за време на воените напади во Алепо кои ги врши сириската војска со поддршка од руски воени авиони.

На фотографиите се гледа Дакнеш како седи во возило на итната помош, од глава до пети прекриен во прашина, потполно дезориентиран, како си ја допира отворената рана на челото.