Македонија Дескоска: Ветингот во правосудството ќе се спроведе по изборите

Дескоска: Ветингот во правосудството ќе се спроведе по изборите

Мора да бидеме свесни дека за да се почне процес на ветинг во правосудството потребно е двотретинско мнозинство, а тоа, како и дебатата за ова прашање не може да се заврши пред изборите, изјави денеска министерката за правда Рената Дескоска пред почетокот на дијалогот за политики „Имплементација на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017-2022 година“, одговарајќи на новинарско прашање околу ветингот и како би се спровел.

Таа смета дека ниту еден процес не треба да биде избрзан и треба да биде процес договорен со консензус од двотретинско мнозинство. Во однос на моделот и кој ќе го спроведе, Дескоска рече дека една варијанта е да се врши ветинг од страна на заедничка комисија која ќе испитува повеќе аспекти, но можно е тоа да оди и преку активност на повеќе институции.

– Можни се повеќе варијанти, една варијанта е дека може да се врши ветинг од страна на заедничка комисија која ќе испитува повеќе аспекти, но исто можно е и прочистувањето да оди преку активност на повеќе институции почнувајќи од постојни институции кои постојат во комбинација со вршење на нивните надлежности, но имаме и модели што ги гледаме дека постојат и се спроведувале во други земји, односно комисија што целосно ја презема таа надлежност и го спорведува процесот – рече Дескоска.