Македонија Дескоска: Нема никакво поместување во однос на разликите за Законот за јавно...

Дескоска: Нема никакво поместување во однос на разликите за Законот за јавно обвинителство

Нема никакви поместувања во однос на разликите помеѓу власта и опозицијата околу Законот за јавно обвинителство, изјави денеска министерката за правда Рената Дескоска, по завршувањето на новата рунда разговори за клучните прашања од реформата на правосудството.

-За Министерството за правда не е прифатливо внесување на одредба во законот што ќе значи скриена амнестија – рече Дескоска пред почетокот на конференцијата за борба против корупцијата, од хотелот „Мериот“.

Двете страни најмногу спорат за членот 105 од законот што го регулира продолжувањето на постапките и судбината на доказите од прислушкуваните разговори.

Следната средба на работните групи е закажана за в петок.