Свет Свет Десетици загинати и стотина повредени во бомбашки напад во Пакистан

Десетици загинати и стотина повредени во бомбашки напад во Пакистан

Најмалку 65 лица загинаа, а повеќе од 100 се повредени во напад на бомбаш-самоубиец пред парк вo источниот пакистански град Лахоре, соопштија властите.

Експлозијата се случила пред влезната капија на паркот, на неколку метри од детските лулашки.

– Најмалку 38 лица се убиени, а повеќе од 100 се ранети, Повеќето се жени и деца – изјави Мустансар Фероз, началник на локалната полиција.

Спасувачките екипи досега успеале да пронајдат 40 тела, но се стравува дека бројот ќе расте.

Според некои медиуми, бројот на загинатите достигнува и до 200, но ова се непотврдени информации