Свет Свет Десет загинати при напад на воена база во Авганистан

Десет загинати при напад на воена база во Авганистан

Најмалку 10 авганистански војници загина во напад што екстремистите го извршија на воена база во јужната провинција Кандахар, соопшти денеска авганистанското министерство за одбрана.

Ова е најнов напад на авганистанските сили кои ги поддржува Западот.

– Синоќа непријателите на Авганистан го нападнаа кампот Ачакзаи воениот корпус 205 во округот Шах Вали Кот. Десет храбри војници загина од маченичка смрт, а девет други се повредени, соопштија од министерството.