Свет Балкан Десет повредени во самоубиствен напад во Бурса

Десет повредени во самоубиствен напад во Бурса

Најмалку десет лица се повредени во турскиот град Бурса, откако жена, бомбаш самоубиец, се разнесе пред џамија во градот, јавуваат турските медиуми.

Екипи на брза помош веднаш се упатиле на местото на нападот.

Засега никој не ја презема одговорноста за нападот.

Турција во изминатиот период беше мета на неколку напади извршени од Исламска држава и од курдските бунтовници.

САД синоќа ги предупредија своите граѓани дека постојат „веродостојни индикации“ за терористички напади во туристичките делови на Турција.