Свет Балкан Десет мигранти се удавиле во Егејско Море

Десет мигранти се удавиле во Егејско Море

Десет лица се удавиле, а уште две се водат за исчезнати откако брод со околу 25 мигранти потонал во источниот дел на Егејско Море, соопштија грчките власти.

Бродот, за кој се верува дека тргнал од Турција, потонал утринава кај грчкиот остров Фармакониси.

Меѓу загинатите има пет деца, четири мажи и жени. Спасени се 13 лица, а и понатаму се трага по уште две лица.

На грчкиот остров досега стигнале повеќе од 820.000 бегалци и економски мигранти, кои се обидуваат да стигнат до европските земји. Повеќе стотини мигранти се удавиле или се водат како исчезнати.