Економија Десет компании наградени за македонски квалитет од ССК

Десет компании наградени за македонски квалитет од ССК

„Ариљеметал“, „Голден арт“, „Евросимовски консалтинг“, „Еуген“, „Зегин“, Институт „Југ“, „Камник винарница“, „Компјунет инженеринг“, „Македонија експорт“ и „Тинекс“ се компании кои беа наградени за македонски квалитет од Сојузот на стопански комори.

Признанијата за македонски квалитет на девет добитници ги додели претседателката на Сојузот, Данела Арсовска.

Претседателот Ѓорѓе Иванов го додели признанието за македонски квалитет на 20-илјадитиот член на Сојузот, Институт „Југ“, кој во тековната година ја претставува најголемата домашна инвестиција.

Компаниите се избрани врз прецизно воспоставени критериуми, кои имаат традиција во создавање на македонски бизнис-идентитет и се амбасадори кои успешно го промовираат македонскиот квалитет на национално и на глобално ниво.

Оваа манифестација се очекува да прерасне во традиција и секој декември да биде во знакот на оддавање признание и промовирање на деловните успеси на македонските компании за тековната година.