Култура Денови на македонското културно наследство од 9 до 11 ноември во Азербејџан

Денови на македонското културно наследство од 9 до 11 ноември во Азербејџан

Централно место на манифестацијата ќе заземе настапот на КУД „Дримкол“ од Вевчани

Манифестацијата Денови на македонското културно наследство ќе се одржува од 9 до 11 ноември во главниот град на Азербејџан, Баку, и во градот познат како културна ризница Арсу.

Централно место на манифестацијата ќе заземе настапот на КУД „Дримкол“ од Вевчани, кои ќе настапат со целовечерна програма, при што ќе се презентираат традиционални песни и ора, носии и обичаи на Македонија.

Во рамките на оваа манифестација проф. д-р Рубин Земон, претседател на научниот совет на Институтот за социо-културна антропологија на Македонија, ќе одржи предавање за богатото мултикултирно наследство на Македонија, а ќе бидат прикажани и неколку документарни етнолошки филмови.

Исто така, ќе биде поставена и изложба на современи фотографии од културно наследство на Македонија, изготвени во соработка со Центарот за научни истражувања и промоција на културата ХАЕМУС од Скопје, предводена од м-р Василка Димитровска.

Организатор и домаќин на манифестацијата Денови на македонското културно наследство во Азербејџан е Организацијата за поддршка и истражување на културно наследство МИРАС од Баку, Азеребејџан, предводена од проф. д-р Фариз Кхалили.

Деновите на македонското културно наследство се поддржани од Министерството за култура на Македонија.