Македонија Дениса Маркоска денеска ќе биде погребана на новите градски гробишта во Прилеп

Дениса Маркоска денеска ќе биде погребана на новите градски гробишта во Прилеп

Ковчегот со посмртните доцна синоќа бил донесен во домот на семејството Маркоски

Телото на Дениса Маркоска(23), која под сè уште неразјаснети околности го загуби животот додека работеше на бродот „Серенисима“, денеска, во 14 часот, ќе биде погребано на Новите градски гробишта во Прилеп, пренесува „Нова ТВ“.

Според информациите на „Нова ТВ“, ковчегот со посмртните останки на Дениса доцна синоќа бил донесен во домот на нејзините родители.

ДНК-анализата направена во Институтот за судска медицина во Скопје потврди дека телото на 23-годишната девојка, кое на 4 октомври беше пронајдено во близина на грчкиот остров Карпатос, е на исчезнатата Македонка Дениса Маркоска.

Според неофицијални информации на порталот, Институтот за судска медицина ќе продолжи со анализите на примероци земени од телото на девојката, во обид да ги утврди причините за смртта.

Дениса Маркоска исчезна од палубата на туристичкиот брод „Серенисима“ ноќта помеѓу 12 и 13 септември. Во моментот на нејзиното исчезнување, бродот пловел од Родос кон Крит.