Дописници Денеска во Охрид дебата за слободни избори

Денеска во Охрид дебата за слободни избори

Центарот за слобода „Цивил“, во рамките на проектот „Слободни избори за слободни граѓан(к)и“, попладнево од 16.30 часот, во Охрид ќе организира состанок со претставници на политичките партии, граѓанското општество, медиумите и на други засегнати страни, информираат од невладината организација.

„На средбата ќе се дискутира за процесите за надминување на политичката криза и за обезбедување услови за слободни избори. Слободни избори за слободни граѓан(к)и е проект кој ќе придонесе во процесот на подготовка на слободни избори во земјата. Овој проект ја претставува потребата на граѓан(к)ите да се создадат услови за спроведување избори во демократска атмосфера со почитување на човековите права и слободи, пред сè, со почитување на слободната волја на гласачите“, велат орагнизаторите.

Проектот го финансира Министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија.