Македонија Денеска сончево со услови за локален дожд

Денеска сончево со услови за локален дожд

Времето во земјата претпладне ќе биде умерено до значително облачно, а во текот на денот облачноста ќе се намалува.

Попладне во североисточните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Максималната температура ќе се движи од 26 до 31 Целзиусов степен.

Во Скопје претпладне ќе биде умерено облачно, а попладне сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб јужен ветер.

Дневната температура ќе достигне до 29 Целзиусови степени.