Македонија Денеска сончево со умерена облачност и со температура до 16 степени

Денеска сончево со умерена облачност и со температура до 16 степени

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне во југозападните делови од земјата ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб ветер од југозападен правец.

Утринската температура се движи од минус 2 до 4 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 10 до 16 степени.

Во Скопје се очекува слично време, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Максималната дневна температура во главниот град ќе достигне до 13 Целзиусови степени.