Македонија Денеска сончево, со температура до 24 степени

Денеска сончево, со температура до 24 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и топло, а ќе дува слаб ветер од североисточен и  oд северозападен правец.

Утринската температура се движи од 1 до 12 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 15 до 24 степени.

Во Скопје се очекува слично време, односно сончево и топло со слаб ветер од северозападен правец. Утринската температура се движи околу 7 степени, а максималната дневна во главниот град ќе се искачи до 21 Целзиусов степен.