Македонија Денеска сончево, од утре настапува значително заладување

Денеска сончево, од утре настапува значително заладување

Денеска времето ќе биде сончево и потопло, со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер, претежно од југозападен правец.

Утринската температура се движеше од 0 до 8 Целзиусови степени, а дневната ќе изнесува од 19 до 26 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен југозападен ветер. Температурата ќе се движи од 5 до Целзиусови 24 степени.

Утре времето ќе биде променливо облачно, попладне најпрвин во западните, а во текот на ноќта и во останатите делови ќе има врнежи од дожд. Тоа ќе биде почетокот на период на нагло заладување, со променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (околу 30 л/м2) и проследени со грмежи, ветер и услови за појава на град.

Во вторник, поради спуштање постудена воздушна маса, ќе дува засилен северозападен ветер, што ќе предизвика позначително опаѓање на температурите, вели прогнозата на УХМР.