Македонија Денеска сончево и топло, со температура до 38 степени

Денеска сончево и топло, со температура до 38 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност, а ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Утринската температура се движи од 12 до 20 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне од 31 до 38 степени.

Во Скопје се очекува слично време, односно сончево и топло, со мала до умерена облачност и со слаб ветер од североисточен правец.

Максималната дневна темепратура во главниот град ќе достигне до 36 Целзиусови степени.