Македонија Денеска сончево и топло, со температура до 38 степени

Денеска сончево и топло, со температура до 38 степени

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло, со мала облачност, која ќе биде поизразена во планинските региони, а ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Утринската температура се движи од 12 до 19 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 31 до 38 степени. УВ-индексот ќе биде со вредност 7.

И во Скопје денеска ќе биде сончево и топло со максимална дневна температура до 36 Целзиусови степени.