Македонија Денеска сончево и топло, со температура до 37 степени

Денеска сончево и топло, со температура до 37 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност, а попладне во северните делови од земјава синоптичарите најавуваат услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура се движи од 10 до 18 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 31 до 37 степени. УВ-индексот ќе биде со вредност 7.

Во Скопје се очекува слично време, сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Максималната дневна температура во главниот град ќе достигне до 36 Целзиусови степени.