Македонија Денеска сончево и топло, со температура до 37 степени

Денеска сончево и топло, со температура до 37 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и топло, а ќе дува слаб ветер од северен и oд северозападен правец.

Во попладневните часови се очекува мало наоблачувањето со услови за краткотраен дожд, особено во северните делови од земјата.

Утринската температура се движи од 9 до 20 Целзиусови степени, а максималната дневна се очекува да достигне од 26 до 37 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје се очекува слично време, со максимална дневна температура до 34 Целзиусови степени.