Македонија Денеска сончево и топло, со температура до 36 степени

Денеска сончево и топло, со температура до 36 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и топло, со умерена облачност. За во текот на денот синоптичарите најавуваат појава на силен ветер кој ќе достигне брзина од околу 60 километри на час.

Утринската температура се движи од 12 до 20 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 29 до 36 степени.

Во Скопје се очекува слично време, сончево и топло со умерена облачност. Максималната темепратура во главниот град денеска ќе достигне до 31 Целзиусов степен.