Македонија Денеска се регистрирани нови 108 случаи на ковид-19

Денеска се регистрирани нови 108 случаи на ковид-19

Фото: CDC on Unsplash

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 723 тестови, а регистрирани се 108 нови случаи на ковид-19, од кои најголемиот број, 75, се во Скопје.

Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 29 реинфекции. Регистрирани сe и 88 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа, како и согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид -19 од „Мој Термин“, не се пријавени починати лица.

„Досега во земјата се направени вкупно 2.075.632 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 313.360, бројот на оздравени пациенти е 303.498, на починати е 9.322, а бројот на активни случаи изнесува 540“, информираат во министерството.