Македонија Денеска се регистрирани 760 нови случаи на ковид-19, пријавени се 23 починати...

Денеска се регистрирани 760 нови случаи на ковид-19, пријавени се 23 починати лица

Фото: Prasesh Shiwakoti (Lomash) on Unsplash

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 5.724 тестирања, а регистрирани се 760 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 325, Куманово – 65, Тетово – 63, Гостивар – 37, Струмица – 31, Кичево – 28, Струга – 26, Охрид, Штип и Дебар – по 24, Кавадарци – 18, Велес – 17, Прилеп , Битола и Радовиш – по 9, Кочани – 8, Неготино и Делчево – по 5,Свети Николе, Пробиштип, Кратово и Македонска Каменица – по 4, Ресен и Берово – по 3, Крива Паланка, Виница, Богданци и Македонски Брод – по 2, Гевгелија, Валандово и Крушево – по 1.

Во изминатово деноноќие пријавени се 23 починати лица: 9 починати лица од Скопје (82г, 81г, 79г, 71г, 70г, 60г, 59г, 58г и 48г), по 2 починати лица од Куманово (77г и 67г), Прилеп (81г и 78г), Гостивар (74г и 65г), Струмица (83г и 68г), Кичево (73г и 71г) и Дебар (75г и 59г), и по едно починато лице од Тетово (48г) и Виница (47г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Регистрирани сe 644 оздравени пациенти од:Скопје – 219, Тетово – 94, Гостивар – 81, Куманово – 47, Струмица – 34, Кавадарци – 24, Дебар – 22,Кичево -21,Битола и Ресен – по 12, Велес – 10, Кочани – 9, Радовиш – 7, Прилеп ,Штип и Кратово – по 6, Неготино – 5, Гевгелија, Свети Николе, Берово и Виница – по 4, Валандoво, Македонски Брод и Пехчево – по 2, Охрид, Струга, Крива Паланка, Делчево, Богданци, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 1.169.901 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 178.159, бројката на оздравени пациенти е 157.294, на починати е 5.987, а бројот на активни случаи изнесува 14.878.