Свет Балкан Денеска протест во Солун под мотото „Македонија значи Грција“

Денеска протест во Солун под мотото „Македонија значи Грција“

Неколку грчки здруженија на Македонците и организации на грчката дијаспора за денеска закажаа голем протестен митинг во Солун под мотото „Македонија значи Грција”. Деновиве низ цела Грција се делат летоци и се повикуваат граѓаните да дојдат на денешниот протест во Солун.

Протестот ќе се одржи во 14 часот по локално време во центарот на Солун, а се очекува да се соберат околу 30 илјади граѓани, кои со организиран превоз, со 500 автобуси од доцна синоќа, од цела Грција, пристигнуваат во Солун.

Организаторите на протестот не прифаќаат какво било име за северниот сосед со терминот Македонија и бараат организирање на референдум за ова прашање. Како медиумски покровители на овој протест се појавуваат околу 60 медиуми од северниот дел на земјата.