Македонија Денеска променливо облачно со локален дожд

Денеска променливо облачно со локален дожд

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно, со повремен локален дожд и ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура се движи од 7 до 15 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 17 до 22 степени.

Во Скопје се очекува слично време, променливо облачно, со повремен слаб дожд и умерен ветер од југоисточен правец. Максималната дневна температура во главниот град денеска ќе достигне 19 Целзиусови степени.