Македонија Денеска променливо облачно и постудено

Денеска променливо облачно и постудено

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно и постудено, а ќе дува засилен ветер од северен правец, кој повеќе ќе биде изразен долж Повардарието, како и во источните делови. Во северните и во западните делови од земјава ќе има услови за провејување на слаб снег.

Утринската температура се движи од минус 5 до 3 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне од 6 до 12 степени.

Во Скопје се очекува слично време, променливо облачно и постудено. Дневната температура во главниот град ќе достигне до 8 Целзиусови степени.