Македонија Денеска претежно сончево, со температура до 37 степени

Денеска претежно сончево, со температура до 37 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево со мала облачност, а кон крајот на денот се очекува облачноста да се зголеми со услови за појава на краткотраен пороен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Утринската температура се движи од 12 до 19 Целзиусови степени, а максималната дневна температура ќе достигне 30 до 37 степени.

Во Скопје се очекува слично време, сончево со мала, а во попладневните часови зголемена облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Максималната дневна темепратура во главниот град ќе се искачи до 37 Целзиусови степени.